Цените на основните прехрамбени производи и натаму рушат рекорди, ако минатата недела биле потребни од 70 до 80 денари за килограм ориз, денеска истиот чини и до 140 денари. По завршување на владините антикризни мерки на 31 мај, зејтинот за една недела поскап за 20-тина денари, лебот околу 5 денари, млекото, брашното за околу 10-тина денари.

Минисмалната синдикална кошничка за мај достигна рекордни 38 791 денар, само за храна во месецот на едно 4 члено семејство му е потребна речиси една минимална плата.

Во спроедба со јануари годинава минималните месечни трошоци на едно четиричлено семејство во мај се зголемиле за речиси 3 000 денари. Најмногу пари се потребни за храна и домување. Додека најмалку или само 784 денари на eдно 4 члено семејство му се потребни за одржување на здравјето.

Синдикална минимална кошница за

мај 2022 година – 38 791 денар

Исхрана и пијалоци – 17 001 денар

Домување – 11 675 денари

Хигиена – 2 689 денари

Превоз – 3 363 денари

Облека и обувки – 2 208 денари

Култура – 1 067 денари

Одржување на здравје – 784 денари

Опозицијата обвинува власта нема мерки, инфлацијта расте а народот велат тоне во сиромаштија.

„Ако го прифатеа предлог законот за акцизите со кој треба акцизите на течните горива да се намалат за 50% и законот за ДДВ со кој треба да се намали ДДВ за храна од 5% на 0%, а на горивата од 18% на 5%, цената на горивата уште веднаш ќе се намали и ќе има огромно олеснување на буџетот на граѓаните.Денеска горивата ќе беа и за 25 денари поефтини доколку СДСМ се откажеше од 50% од акцизата.“ – изјави Марија Митева портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ повторуваат пари за помош со ребалансот на Буџетот има, ситуацијата се анализира, мерки ќе има и тие ќе бидат потаргетирани.

До крајот на неделава, според наjaвите треба да се знае и дали државата ќе интервенира со мерки кај цените. За утре министерот за економија Крешник Бектеши најави средба со стопанството на која ќе се дискутира какви мерки би се вовеле.