The gas is burning, the gas-stove burner, the hob in the kitchen, close-up. The concept of problems with natural gas, rising gas prices.

Во четврток продолжува јавната расправа на која ќе бидат презентирани нови идеји за решавање на предизивците со енергетиката. Во гостување за Студио 10, Бислимовски истакна дека се дава можност на наши професори да дадат своја експертиза за надминување на предизвиците.

Во насока на блоковите и софтерот на ЕВН, Бислимовски истакна дека се е подготовено, направени се тестирања за функционирање на системот. Основна цел е со овој распоред на блоковите да има поголем број на домаќинства на кои споредено со постоечката одлука би им се намалиле трошоците, вели Бислимовски за Студио 10.

Васко Ковачевски директорот на Електрани на Северна Македонија во емисијата 24 Отворено во врска со последните пресметки за цената на електрична енергија, рече дека дека нема да има големо покачување и дека во време на криза мора и така да се однесуваат како компанија и дека платите на менаџментот во компанијата се намалени за 30%.

По однос на евентуално одземање на лиценцата на БЕГ, Бислимовски вели дека во текот на следната недела ќе видат како ќе го истераат тој процес. Стравува дека цената на нафтата ќе оди уште нагоре.

Од Регулаторната Комисја влат дека за периодот на важење на евтина тарифа нема да важат блок тарифите. Новиот тарифник но и новата цена на струјата која најверојатно ќе биде повисока од сегашната ќе се донесат до крајот на месецов, а че ваѓат од 1 јули.