На азиските берзи вчера се намалени цените на акциите, како и на Волстрит во вторникот , што е последица на стравувањата на инвеститорите од забрзаното темпо на зголемување на каматите во САД и неочекувано слабите показатели од кинеската економија.
МСЦИ индексот на азиско-тихоокеанските акции, со исклучок на јапонските, утрово забележа пад од 0,7 проценти.
На Токиската берза, Никеи индексот се намали за повеќе од еден процент, додека цените на акциите во Австралија, Шангај, Јужна Кореја и Хонг Конг паднаа меѓу 0,7 и 1,2 отсто.
Азиските инвеститори ги поколеба вчерашниот пад на сите најважни индекси на Волстрит за повеќе од еден отсто, откако коментарите на претседателот на американската Централна банка (Фед) Џером Пауел ги поттикна стравувањата на инвеститорите од забрзаното темпо на зголемување на каматните стапки.
Претседателот на Фед, Пауел, кој неодамна го замени Џенет Јелен, во својот прв извештај на Конгресот истакна дека ќе продолжи да ја води сегашната политика за постепено зголемување на каматните стапки. Сепак, тој додаде дека податоците, исто така, укажуваат на забрзан раст на економијата и јакнење на инфлацијата.
Додека се очекува натамошно зајакнување на економијата, но и на инфлацијата, со оглед на неодамна воведената даночна реформа и зголемената државна потрошувачка, коментарите на Пауел се сметаат на пазарот како најава за забрзување на темпото на зголемување на каматите на Фед.