Сериозна приватна компанија – или пак ЕСМ. Овие опции и останаа на владата за решавање на проблемот – кој од октомври ќе ги грее скопјани со парно – откако Регулаторна одлучи да започне постапка за одмезмање на лиценците на БЕГ – а Градоначалничката пак на Скопје Данела Арсовска се огради и топката ја префрли кај централната власт. Рече локалната самоуправа нема финансии да ја врши оваа функција. Бектеши сега вели, ќе има јавен оглас, ако нема сериозна приватна компанија, парното греење оди во рацете на ЕСМ. Уверува – скопјани на есен нема да останат без греење.

Бектеши вели дека жали што Арсовска се изјасни дека дека Градот нема капацитет да го преземе греењето иако тоа е негова надлежност – има и претпријатие ГЕС кое беше формирано токму за тоа и кое функционира веќе три години.

Инаку БЕГ за годинава пријави 60 милион евра трошоци кои се значително повисоки од лани. Бектеши вели не знае каква е состојбата но уверува ако БЕГ и должи на државата тоа ќе мора да си ги плати и тие нема да паднат на товар на граѓаните.

Од Адора инженеринг чиј сопственик е Чифлиганец која за 9,3 милиони евра го купи имотот и топланите на Топлификација не знаат дали доколку има оглас ќе се пријават да ја вршат работата на БЕГ. Велат се зависи од условите на огласот,но и од цената на гасот. Но очекуваат и да се реши проблемот со имотот кој го платиле- бидејќи до ден денес немало примопредавање.

Се чека Регулаторна да ја донесе одлуката за одземање на лиценците на БЕГ, по што на потег е владата да одлучи кој од октомври ќе ги грее скопјани.