Околу 2,4 милиони хектари зимски житни култури во вкупна вредност од 1,435 милијарди долари ќе останат неожнеани во Украина поради инвазијата на земјата од страна на Русија, соопшти денеска украинското Министерство за земјоделство.

Во соопштението се наведува дека украинскиот земјоделски сектор досега претрпел загуби од 4,292 милијарди долари поради војната, пренесува Ројтерс.

Се проценува дека бројот на убиени домашни животни во областите директно погодени од воените дејствија вклучува 42.000 овци и кози, 92.000 крави, 258.000 свињи и повеќе од 5,7 милиони единки живина.