Владата не само да носи мерки кои се на штета на бизнисот, туку и самата да се откаже од некои приходи за да се најде баланс како за индустријата, така и за граѓаните, порачува бизнис секторот.
Претстедателот на Здружението на Мелничко –пекарската индустрија при Стопанската комора, Горан малишиќ за тв24 вели со старо новата мерка на влада за замрзнување на маржите нема да се постигне фиксна стабилизација на цените, бидејќи во крајната цена големо учество имаат цените на суровините и енергенсите на светските берзи, па оттука можен е нов раст во иднина.