За Разлика од другите Банки кои регистрираат позитивни финасиски резултати за предходната 2017 година Централна Кооперативна Банка АД Скопје во периодот 01.01-31.12.2017 оствали негативен финансиски резултат од работењето.
Загубата од фискалната 2017 година изнесува 5.100.00 денари.
Приходите од камати во тековната година забележуваат пораст од 6,29%. Приходите од камати од коминтенти се зголемени за 9,43% споредено со минатата година.
Во однос на нето-приходите од провизии, приходите од провизии од оперативното работење бележат раст, додека приходите од управувачките провизии забележуваат намалување во однос на минатата година, како резултат на политиката на олеснување на условите за постоечките клиенти. Евидентирано е вкупно намалување на нето-проходите за 4,85%.
Во анализираниот период, Банката продолжува посветено да работи на одржување на ниската ризичност на кредитното портфолио при што исправката на финансиските средства на нето-основа е пониска за 66,36% во однос на минатата година. Во истиот период, согласно со Одлуката за сметководствениот и регулаторниот третман на средствата преземени врз основа на ненаплатени побарувања евидентирана е загуба од оштетување во износ од 20,641 илјади денари.
Позицијата трошоци за вработените забележува зголемување за 5,83% во однос на минатата година поради зголемување на бројот на вработените и континуирано вложување во постојните вработени.