Почитувани читатели на БанкоМетар.мк

Во прилог фото од револтиран охриѓанец кој за час и десет минути паркинг во центарот на Скопје, платил 500 денари.

Имено, според ценовникот од овој паркинг е наведено дека час паркинг е 250 денари ( слично на ниво на Лондон и Дубровник ) и доколку одминат час и една минута, веднаш се засметуваат нови 250 денари за наредниот час.

Значи, паркинг за час и десет минути, како на фотото, во „град“ како Скопје, чини, верувале или не, 8 и пол евра.

Но, во ред, ваква јака метропола, си ги одредува цените, но барем ги замолуваме туристите кои доаѓаат во Охрид и Струга летово, да не мрчат како секоја година, особено скопјаните, бидејќи паркинг час во Охрид е 25 или 30 денари зависно од реонот.
Ги повикуваме сите охриѓани да испраќаат фотографии од цени и неправди во главниот град, за да влијаеме на овие наши сограѓани, кога ќе дојдат на одмор во Охрид, барем да не ги слушаме цело време како се жалат дека им е скУпо.