Како што соопшти РСС, наградата се однесува на идеја за мултифункционален адитив поврзан со китките на грозјето со кој на произведувачите на храна би им се овозможило по економична цена да направат производи од природни состојки и така да се отворат нови работни места и целата индустрија да се модернизира.

Наградата се состои од 5000 ијади евра, менторска поддршка за разработка на идејата и овозможување контакти со индустријата и бизнисот за индустриско производство на иновациите.

Награди беа доделени уште во пет категории на иновативни решенија понудени од Албанија, Србија, Црна Гора, Косово и Босна и Херцеговина, а наградените беа избрани од преку 150 решенија пристигнати по распишувањето на конкурсот на 1 април годинава.

Наградите синоќа во Тирана ги додели генералната секретарка на РСС Мајлинда Брегу, во присуство на европскта комесарка за иновации, истражувања, култура образование и млади Марија Габриел. Брегу во обраќањето истакна дека поддршката за иновации е од огромна важност со оглед на податокот дека само 11 отсто од компаниите во Западен Балкан добиле некаква поддршка од своите Влади наменети за истражување и иновации.