За разлика од тоа што само пред неколку години Бил Гејтс имаше позитивен став за криптовалутите и во едно интервју истакна дека биткоин е возбудлив затоа што покажува дека може да биде евтин, но сега целосно го смени своето мислење и нема баш добри зборови за оваа дигитална валута, пренесува Zimo.

Oдговарајќи на прашања на корисниците на Reddit изминатава недела, Гејтс зборуваше за биткоин и поранешниот шеф на Microsoft дури изјави дека оваа технологија е директен виновник за многу смртни случаи, при што мислеше како со биткоин може едноставно и анонимно да купи дрога.

Како најголема маана на оваа дигитална валута го наведува тоа што многумина сметаат дека анонимноста, всушност, е нејзина предност. Според Гејтс, државите имаат можност да ги пронајдат траговите од перењето пари и даночните измами, како и траговите од финансирање на терористите, но тоа е многу потешко кога се во прашање криптовалутите.

Според него  и традиционалните пари се користат за истите нелегални работи, напоменува дека со биткоин и нејзината анонимност оваа технологија овозможува сето тоа да се направи многу полесно. Предупредува и на опасноста од иницијалната јавна понуда на криптовалути (Inital Coin Offering) и брзите инвестиции во дигитални валути, кое може да биде многу ризично.

Се беше добро додека цената на биткоин растеше минатата година и луѓето дури подигнуваат кредити за да купат криптовалути, иако многумина преупредуваа дека се работи за балон кој може да пукне. Кога беше на врвот цената на биткоин беше околу 19.000 долари, а сега цената е околу 10.000 долари.