Руската „Sberbank“ објави дека во четвртиот квартал од минатата година остварила за една петтина поголема нето добивка, со силен скок на приходите од надоместоците и провизијата и солидно зголемување на приходите од каматата.
Трите последни месеци од минатата година банката ги заклучила со нето добивка од 172 милијарди рубљи (2,5 милијарди евра), што е за 22 проценти повеќе отколку што забележа во истиот период минатата година.
Вкупните приходи пораснале 13 проценти, на 501 милијарди рубљи. Нето приходите од каматата пораснале за осум проценти, на 383 милијарди рубљи.
Нето приходите од надоместоци и провизија скокнале за 21 процент, на 118 милијарди рубљи, што од банката го препишуваат на работењето со картичките.
Во целата мината година нето добивката пораснала за 38 проценти, на 749 милијарди рубљи (околу 1 милијарда евра).
Нето каматните приходи пораснале за седум проценти, на 1,452 милијарди рубљи.
Нето приходите од надоместоци и провизија се зголемени за 13 проценти, на 394 милијарди рубљи.