
На 15-ти јуни го отпочнавме процесот на прибирање на податоци за истражувањето Мапирање на македонската ИТ индустрија – издание 2022, во кое за само 24 часа ги добивме таргетираните 1.000 учесници. Ви благодариме на довербата!
И покрај стартниот успех, одлучивме да го истераме истражувањето заклучно со 10-ти јули, до 23.59 часот, па по тој повод би сакале да упатиме последен повик до сите оние ИТ професионалци кои се уште го немаат пополнето истражувањето – тоа може да го направат тука.
Од аспект на пол, досегашните учесници се 76.1% припадници на машкиот, а 23.9% од женскиот пол.
До моментот на пишување на овој текст, 2.182 лица го имаат пополнето анонимниот прашалник – а скоро 80% од нив се од секторот Програмирање / Девелопмент / Систем Администрација. Дигиталните маркетери до сега учествуваат со 6.1%, додека дизајнерите со 5.7%. @Дизајнери и @маркетери, имате два дена да го промените ова. 🙂
Истражувањето нуди интересни бројки, сознанија како и очекувани и неочекувани трендови – но ќе почекаме за јавно споделување по валидирањето на податоците и нивна обработка од страна на Data Masters кои ни се соработници на тоа поле. Објавата на податоците е планирана за крај на август, а доколку сакате може да се претплатите на е-билтенот наменски само за да добиете известување кога ќе бидат објавени – формата е достапна тука под делот Започни анкета. Секако дека може да се претплатите истовремено и на нашите други е-билтени (дневен, неделен и месечен).
Придонеси кон мапирањето со учество во анонимна анкета која ке ти одземе околу 5 минути од времето!
ПРИКЛУЧИ СЕ ВО ИСТРАЖУВАЊЕТО
(анкетата ќе ти одземе 5-10 минути)
Истражувањето ќе има три клучни процеси:
Прибирање на податоци
преку https://it.mk/mapiranje и https://it.mk/it-kariera-istrazhuvane-2022/ и нивна промоција- Обработка на податоци
во соработка со Data Masters - Објавување на податоци
бесплатно на IT.mk
Податоците ќе бидат достапни и во RAW формат – бесплатно за академскиот сектор и индивидуалци кои ќе ветат дека нема да ги користат за комерцијални цели. А за комерцијално користење ќе има можност да се закупи комерцијална лиценца која ќе дава права за користење во такви цели без ограничувања.
Она што е многу важно е дека истражувањето е АНОНИМНО бидејќи прашуваме и бројка за нето примања. Како алатка за прибирање на податоците ќе ја користиме Google Forms, а од сите вас бараме да играте фер-плеј и заедно да придонесеме кон податоци кои утре сите ќе може да ги користиме.