Стопанската комора на Македонија, во соработка со Фондот за иновации и технолошки развој, Ве покануваат на он-лајн инфо сесија за презентирање на јавниот повик за предизвиците кои ги носат климатските промени од областа на животната средина, природата и биодиверзитетот.

Целта на јавниот повик е преку предизвикот да се поттикне зголемување на т.н климатски активности, односно активности за развивање на иновативни технологии, производи и процеси за ублажување или прилагодување на последиците од климатски промени, што ќе придонесе кон глобалните напори за справување со климатските промени и поактивно вклучување на приватниот сектор во развојот на зелените бизниси и креирање на нови работни места во оваа област.

За финансирање на проекти во рамки на овој повик обезбеден е вкупен буџет од 7.500.000 (седум милиони и петстотини ијлади) денари.За поединечен предлог проект, Фондот обезбедува финансирање до 90% (деведесет проценти) од вкупниот буџет за проектот, во максимален износ од 1.500.000 (еден милион и петстотини илјади) денари. Од страна на Натпреварувачот треба да бидат обезбедени минимум 10% (десет проценти) од вкупниот буџет на проектот. Средствата добиени од Фондот по која било друга основа или која било друга државна помош, нема да се сметаат за прифатливи средства за кофинансирање од страна на Натпреварувачот – корисник на финансиски средства од Фондот.

Сите информации поврзани со јавниот повик се достапни на следниот линк: https://fitr.mk/

Настанот ќе се одржи на 14.07.2022 (четврток), со почеток во 11:00 часот, преку зум апликацијата.

Сите заинтересирани за следење на настанот можат да се приклучат преку следниот линк:
Join Zoom Meeting:
https://us06web.zoom.us/j/88554486810?pwd=MW5RN01yYWNiTjZGRVBXamJqdHp0UT09
Meeting ID: 885 5448 6810
Passcode: 150395