Хибридна конференција и деловни средби„CONNECTO 2022“

Стопанската комора на Северна Македонија во соработка со ИНТЕРА-Технолошки парк, Мостар, БиХ и во рамки на ЕЕН–Европската мрежа на претприемачи, Ве поканува да земете учество на претстојната конференција и деловни средби на тема: CONNECTO 2022 што ќе одржат во периодот од 26-28 јули 2022 година во Интера-Технолошки парк, Мостар, БиХ.

Настанот претставува одлична можност да се воспостават контакти со партнери, клиенти и добавувачи од Босна и Херцеговина, регионот на Западен Балкан и од светски рамки.

CONNECTO 2022 претставува платформа за вмрежување меѓу бизнис дијаспората од БиХ и претприемачи од БиХ и регионот на Западен Балкан со една цел:

Извезување производи и услуги на глобалниот пазар;
Генерирање нови, добро платени работни места;
Креирање иновативни производи и решенија;
Нудење нови можности за младите во БиХ;
Максимизирање и искористување на исклучителниот потенцијал на пазарот на трудот во БиХ.


Настанот е наменет за услужните дејости од следните сектори:

Дигитализација;
ИКТ и телекомуникации;
Производи и полупроизводи од метал, дрво и пластика;
Инженерски, дизајн и консултантски услуги;
Градежна индустрија;
Индустриски и градежни алатки и машини;
Винарство, земјоделство и храна и
Туризам, спорт и рекреација.


Учеството на настанот е бесплатно. Целата програма ќе биде подеднакво видлива и достапна за посетителите на локацијата и за оние кои учествуваат онлајн. Настанот ќе се одржи во просториите на Технолошкиот парк ИНТЕРА како и на онлајн веб платформата. Официјални јазици ќе бидат на англиски, босански, хрватски и српски јазик.

Регистрацијата е отворена до 25 јули 2022 година на следниот линк: https://connecto.ba/signup.

Напомена: За виртуелно учество на настанот потребно е да имате: компјутер или мобилен телефон со функционална камера и микрофон. Вашите состаноци ќе се одвиваат преку веб Б2Б платформата, без потреба од дополнителен софтвер.

Подетални информации во врска со настанот можете да најдете на нивната официјална веб-страна: https://connecto.ba/.