Ќе се задолжиме 900 милиони евра – но од каде ќе најдеме пари и по која камата за сега никој не открива иако ребалансот на буџетот веќе е пред усвојување – со зголем дефицит.

Зошто владите тактизираат и не соопштуваат  до последен момент  што договориле со Меѓународниот монетарен фонд од каде се знае дека ќе земаме кредит. Од Министерството за финансии откако претходно демантираа дека сме побарале 900 милиони евра од ммф сега велат се уште не ги знаат деталите за заемот. Која сума ќе ни одобрат и по која камата ќе се знаело по склучувањето на аранжманот.

„Ке треба да се задолжиме вкупно 900 милиони евра. Ќе биде комбинација дел од ММФ, дел еврообврзница, дел домашно задолжување, дел од други финансиски институции“- брифираат  за ТВ24 извори од министерството за финансии.

Дека дефинитвно земама кредит од ммф беше сооптено и вечра – по онјалај средбата на  директорката на ММФ Кристалина Георгиева, заеднос о  со гувернерката Бежоска, премиерот Ковачевски и министерот за финасии Бесими.  Но и по оваа средба детали за кредитот – нема . Веќе е извесно дека крдитот од ммф нема да биде доволен – ќе се издава и еврообврзница. За неа само се знае дека според сегашните движења – каматата нема да бдие понсика од седум отсто.

Ова би била деветта еврообврзница на земајва. Ланската во март беше на 700 милиони евра  и со рекордно најниска камата од 1,6 проценти. Првата ја издадовме во 2005 година, а најскапо ја плативме таа од 2009 година кога камата беше речиси 10 проценти.

Со новите заеми – јавниот долг на земјава уште ќе расте. Сега должиме речиси 7,2 милијарди евра или околу 55 проценти од БДП. 

Ова е новата стратегија за управување со јавниот долг 2023-2025 година која стигна во собранието во периодот кога беше доставен ребалансот на буџетот. Во неа се предвидува јавниот долг годинава да надмине 65 проценти од бдп. Но тенденцијата е во наредните години тој да се намалува, за дури во 2026 година да падне под 60 проценти од бдп.