На виртуелната седница одржана на 11 јули беа избрани и заменици-претседатели и тоа:

Боријан Борозанов од „Џонсон Мети“, Светослав Смилков од „АРЦ Аутомотив“ и Ѓорѓи Тренкоски од „Теламон“.

Како и досега, и во наредниот период приоритет за новото раководство ќе биде Асоцијацијата активно да учествува во процесите за унапредување на условите за водење бизнис во земјава, преку предлагање мерки и препораки за креирање најдобри можни решенија, кои ќе донесат одржлив и побрз економски развој.

На состанокот беа презентирани реализираните активности во изминатиот период и беа разгледани клучните иницијативи и предлози на Асоцијацијата, кои се од значење за унапредување на работењето на компаниите со технолошки напредно производство, а во функција на зголемување на продуктивноста, конкурентноста, но и на атрактивноста на земјава за задржување на постојните и за привлекување нови инвеститори.

Истовремено, на средбата се дискутираше и за отворените прашања и за актуелните проблеми во поглед на законската регулатива, како и за други значајни прашања кои се од интерес за странските инвеститори, а кои ќе бидат предмет на разгледување на заедничка средба со претставници од Владата во наредниот период, соопшти Стопанската комора на Македонија.