Позитивните бројки во туризмот значат дека туристичката индустрија полека закрепнува, македонските туристички дестинации се атрактивни како за домашни така и за странски посетители, а безбедноста на дестинацијата која ја чуствуваат како дома е приоритет, информираат од Агенција за промоција и поддршка на туризмот (АППТ).

– Во периодот јануари-мај 2022 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 74.3 % и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 26.7 %, а кај странските зголемувањето е за 133.0 %. Во периодот јануари – мај 2022 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 68.6 % и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 32.8 %, а кај странските зголемувањето е за 110.1 %, додаваат од АППТ.