Македонија ќе ја зафати екстремно топол бран, кој ќе донесе изразито високи температури и висок УВ индекс, кој ќе достигне 10. Ова со најавува метеорологот Славчо Поповски.

Според последните анализи кој ние ги направивме, податоците укажуваат на тоа дека ЕКСТРЕМНО ТОПЛИОТ бран кој го најавивме за од четврток па натаму и тоа како ќе ја зафати нашата држава, и ќе услови ЕКСТРЕМНО ВИСОКИ температури на воздухот, но и ЕКСТРЕМНО ВИСОК УВ – индекс со коефициент 10 – пишува Поповски.

Тој воедно укажува дека температурите од четврток па натаму насекаде ќе се искачуваат над 30 степени, додека во централните и во југоисточните предели истите се очекува да се искачат до 40 степени, а во одредени локации дури и ќе надминуваат 40 степени.

Времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Се на се, пред нас е ГОЛЕМА СУША па затоа внимавајте на природата за да не дојде до евентуална појава на пожари, и секако избегнувајте движење во шума – препорачува Поповски.