Ожнеаната пченица во штипско во силосите ќе ја чека производната цена. Исто како и јачменот земјоделците што имаат услови ги складираат чекајќи подобра понуда. Моменталната откупна цена и на пченицата и на јачменот е повисока од ланската.

Сепак за пченицата таа не е од 20 до 22 денари како што очекуваа земјоделците, а производната цена  што треба да биде најнизок праг се уште не е дефинирана.

Претходно од Асоцијацијата на земјоделци побараа цената на пченицата да биде една третина од онаа на брашното. Во спротивно велат поради високите цени на нафтата и  ѓубрето ќе работат со загуба. Посебно поради пониските приноси што се очекуваат во овчеполието.

Иако очекувањата се дека годинава во Македонија прооизводство на пченица ќе биде на ниво на ланското, преку 255 000 тони, сепак евидентено е намалувањето на приносите. На тој тренд предупредуваат и од „Иницијатива за пченицата“, но и домашните експерти.

Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ветија дополнителни субвенции за есенската сеидба, но и дополнителна поддршка до 100 евра по хектар за зголемен принос на житни култури за оние кои ќе го предадат во домашни преработувачки и откупни капацитети.