Криптовалутите забележаа висок раст минатата недела, особено етерот, кој надмина 1.500 долари откако беше под 1.000 долари во јуни.

Втората по големина криптовалута сега е навистина на прагот на таканареченото спојување (The Merge), кое неколку пати беше одложувано.

Надградбата на мрежата првенствено ќе донесе енергетски поефикасен начин на потврдување на трансакциите и премин од доказ за работа во доказ за сопственост (proof of stake).

Во финансискиот фонд Grayscale, и покрај закрепнувањето кое е забележливо во последните неколку недели, предупредуваат дека „криптозимата“ ќе трае следните 250 дена, во однос на претходните циклуси. Како главни причини за големите падови што го погодија крипто-пазарот оваа година, го наведуваат тргувањето со маргини и агонијата на стејблкоинот TerraUSD.