Се појавија информации дека Tesla има продадено дури 75% од целокупната сегашна понуда на Bitcoin. Како што пренесува порталот TechSpot, оваа компанија навистина ги чувствува негативните последици од инфлацијата во комбинација со падот на цената на оваа криптовалута, па е донесена одлука за продажба на толку голем процент од BTC.

Краткорочна инвестиција

Во текот на минатата година, Tesla инвестираше во Bitcoin со вкупно 1,5 милијарди долари и објави дека од тој момент прифаќа плаќање за купување возила во форма на оваа дигитална валута. Сепак, и тоа беше краткотрајно бидејќи оваа компанија започна да прифаќа BTC во вториот дел од март минатата година само за да ја погази сопствената одлука само 49 дена подоцна во мај. Нешто слично се случува и сега, само по малку подолг временски период.

Имено, компанијата Tesla продаде дури 75% од сите свои пари „акции“ кои ги чуваше во дигиталната валута Bitcoin и во таа прилика преку оваа продажба оствари „профит“ од 936 милиони долари. Во времето кога Tesla инвестираше 1,5 милијарди долари во Bitcoin минатата година, вредноста од 75% беше околу една милијарда и дванаесет милиони долари, па оваа компанија во суштина загуби со инвестирање во оваа дигитална валута. Според извештајот, вредноста на преостанатите акции во сопственост на Tesla е 218 милиони долари.

Која е причината за продажба?

Илон Маск, додека присуствуваше на состанокот на инвеститорите, рече дека компанијата сè уште не продала ниту еден Dogecoin што го поседува, но дека овој потег не треба да се гледа како пресуда за BTC. Тој објасни како Tesla продаде 75% од своите Bitcoin средства најмногу поради проблемите со ликвидноста на сопствената компанија поради исклучувањето на COVIC-19 во Кина и резултирачките проблеми во синџирот на производство што предизвикуваат фабриките во Берлин и Тексас да губат милијарди долари во моментот.

Лош бизнис

Од друга страна, Tesla се уште заработува, но значително помалку отколку во претходниот временски период. Во текот на првиот квартал од тековната година оваа компанија оствари добивка од 3,3 милијарди долари, додека вториот квартал донесе „само“ 2,26 милијарди заработка, што е намалување за 31,5%. Сепак, сето тоа претставува напредок во однос на истите периоди минатата година, што значи дека профитот на оваа компанија расте, но дека проблемите на глобално политичко ниво се уште влијаат на работењето на овој гигант.