Министерот за земјоделство, Љупчо Николовски уверува дека земјава има доволно производство на пченица споредено со минатите години. Тој вели дека оваа година имаме 100% повеќе домашни производи и дека е намален увозот на производи од надвор.

Од друга страна, ЕУ и помага на Македонија со финансиски средства за земјоделскиот сектор. Средствата се неповратни. Повикот е за финансиска поддршка за инвестиции со фиксни средства за обработка и трговија со земјоделски производи и риба.

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, рече дека сите заинтересирани ќе можат да аплицираат со проекти за снабдување со машинерија и средства за производство и обработка.

Од утре па во наредните 45 дена, односно до 6 септември оваа година, заинтересираните ќе можат да аплицираат за средства за мерката 3 од ИПАРД 2 програмата. Министерот информираше дека добиле 97 милиони евра неповратни фондови од ЕУ за следната програма ИПАРД 3.