Нема да бидам скромен и да го премолчам ова. Напротив, сакам повторно да го нагласам:

Лакоми крипто-ентузијасти, лимитирани опортунисти и необразовани нео-капиталисти, криптото падна!
Последните развои на пазарите за крипто валути, го навестуваат крахот на можеби најголемата измама организирана во 21-виот век.

Од почетокот, криптовалутите делуваа привлечно. Концепт на финансиска дерегулација ( која Народна Банка низ светот или ФЕД би го дозволиле ова – сами да се детронизираат ? ), купуваш хардвер кој работи на струја и богатството почнува да ти се кумулира.

Е што не знаеа лакомите, лаковерните и пред се, економски неписмените „инвеститори“, кои како „вол у купуз“ влегоа во „стратешки инвестиции“?

Следново: Другари, секоја валута треба да ги има следниве карактеристики за да може да биде оквалификувана како валута:

  1. Да има разменска улога ( криптото тоа го нема, од проста причина затоа што за разлика од фиат валутите, не е прифатено од сите учесници на пазарот )
  2. Да има улога на складирање на вредност ( криптото исто така, тоа го нема – во смисла – која е таа реална вредност која за неколку недели може да порасне или да падне за неколку пати? Па тоа, по самата природа на нештата е чиста шпекулација, ова е дегутантно да се дискутира. Инвестициските фондови низ светот се среќни ако остварат годишен принос од 9% до 12% – крипто светот тоа го остварува, за право во двете насоки, на дневно ниво )
  3. Да имаат реална и опиплива природа или во најширока смисла ( како електронските и дигиталните пари ) да имаа опција да бидат следени. Каква е таа глупост на децентрализирана креација на монетарни агрегати, каде секој како му текнало креира пари, се вршат трансакции кои на крај не можат да бидат ни следени? Па дали има поголема измама на столетието од ова?
  4. И на крај, но и многу важно е следното: Колку треба да бидеш лакомислен и глуп, да вложуваш готови фиат пари за да добиеш дигитални ветувања од некој ќор Украинец или некој сумлив јужно-азиец?

Но како и да е, целта на креаторите е остварена – исцицаа милијарди во фиат валути за дигитални ветувања од добро обмислена шема.

Единственото добро е што ја промовираа блокчејн технологијата и новите методи на повисоко ниво, а за овие стратешки инвеститори, од кои и често бев напаѓан како традиционалиста и кочничар на прогресот, само имам да им порачам: Ви кажав, и тоа многу пати и во многу наврати. Продолжете да верувате во дигитални шеќерни бајки…

Наум Димитровски