Зголемената конкуренција на глобалниот пазар бара соодветна реакција од компаниите и нивно постојано приспособување на новиот начин на работа. Големите можности носат и големи одговорности, а бизнис секторот треба да ги искористи можностите на начин прифатен од пазарот. Имајќи за цел да предочиме на новите трендови во бизнисот, како и на приспособувањето на современите услови во насока на континуиран пазарен успех, на 16 март 2018 година во Скопје, Стопанската комора организира: САМИТ НА МАЛИТЕ ЗЕМЈИ – НОВИ ТРЕНДОВИ ВО БИЗНИСОТ
Имплементацијата на новата технологија во работењето на компаниите од малите земји им нуди неограничени можности. Достапноста до светскиот пазар ги доведува во скоро еднаква позиција со најголемите играчи во секторот и, секако, придонесува за зголемување на нивната конкурентност.
Овогодинешната конференција има за цел да ги обработи темите поврзани со „blockchain“ технологијата и поврзаната регулатива, „crowdfunding“ моделите на алтернативно финансирање на бизнисите, роботика и автоматизација во корист на бизнисот и, секако, етичката страна на дигиталниот пазар.
Bitcoin-от измината 2017 година го раздрма финансискиот свет. Од изјавите дека криптовалутите ќе бидат вбројани меѓу најголемите измами во современото општествено живеење, па се до оптимистички предвидувања дека ние започнавме да ја живееме иднината на монетарниот систем, информациите беа сервирани до широката публика со голем интензитет. Сепак никој не даде точна препорака, каков ќе биде развојот на оваа област. Сега се` останува на „шпекулации околу вистината“ за криптовалутите. Прифаќањето на иновациите, особено оние кои доаѓаат од дигиталниот свет се проследени со нагласена резистентност од општеството. Физичкото непостоење на скоро се што е поврзано со дигиталните технологии дополнително ја компликува ситуацијата, но едно е сигурно, иднината на монетарниот систем ќе биде поразлична од онаа која што сега ја знаеме.
На Самитот ке бидат разгледани следниве прашања- Што е точно криптовалута и на кој начин ја одразува вредноста на производот и услугата? Кој ќе биде регулатор на системот на криптовалути или во неговата суштина е вградена саморегулација? Кога и дали воопшто компаниите треба да ги прифатат криптовалутите како платежно средство? Какви се состојбите поврзани со криптовалутите во нашиот регион и пошироко?
На наведените прашања одговор ќе може да се добие од реномирани професионалци, странски експерти и претставници на државни органи.