Српскиот претседател Александар Вучиќ на 25-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи со Азербејџан телефонски разговарал со претседателот на таа пријателска земја Илхам Алиев.

Претседателот Вучиќ побара од претседателот Алиев помош за обезбедување доволно количество електрична енергија, а претседателот на Азербејџан одговори на тоа барање и рече дека на Србија и е одобрен меѓудржавен договор за набавка на струја од Азербејџан под поволни услови, се наведува во соопштението.

Вучиќ и Алијев се согласија дека Србија и Азербејџан за четврт век изградија добра соработка, која е надградена на ниво на стратешко партнерство.