Белгискиот премиер Александар Де Кро вчера објави песимистичка прогноза за Европа. „Следните пет до десет зими ќе бидат тешки“, рече Де Кро, според Business Insider.

„Многу сектори се борат со високите цени на енергијата. Ние внимателно го следиме тоа, но мора да бидеме транспарентни – следните месеци ќе бидат тешки, претстојните зими ќе бидат тешки“, рече тој.

Европа се соочува со енергетска криза влошена со руската инвазија на Украина. Континентот е зависен од рускиот гас, а од таа земја увезува 40 отсто од потребите. Русија го забави протокот на гас преку клучниот гасовод „Северен тек 1“ до 20 отсто од својот капацитет, повикувајќи се на технички причини, односно одржување.