Австрискиот канцелар Карл Нехамер го поддржува ограничувањето на цената на електричната енергија ширум Европската унија, објави неговиот кабинет во соопштението.

Владата на Австрија предводена од конзервативците првично беше скептична за идејата за ограничување на цените на електричната енергија, но се загреа на тоа бидејќи цените продолжија да растат.

„Конечно мораме да го запреме лудилото што се случува на енергетските пазари. А тоа може да се случи само преку европско решение“, се цитираат зборовите на Нехамер во соопштението за печатот, додавајќи дека канцеларот ќе се обиде да ги разубеди оние членки на ЕУ кои се противат на таквото решение.

„Конечно, нешто мора да се случи. Овој пазар нема да биде регулиран само во неговата сегашна форма. Ги повикувам сите 27 членки на ЕУ итно заедно да ја прекинат оваа ценовна експлозија.“

Зависност од руски гас

Австрија е многу зависна од рускиот гас, особено во индустријата и греењето, а пред војната во Украина, околу 80 отсто од вкупното снабдување со гас беше од Русија.

Поголемиот дел од електричната енергија доаѓа од обновливи извори на енергија, а австриската јавност има се поголемо недоразбирање за пазарниот систем во кој цените на гасот и електричната енергија се тесно поврзани.

“Пазарната цена на електричната енергија мора да се намали и да се одвои од гасот за да се доближи до реалните трошоци за производство,“ рече Нехамер.

„Не можеме да дозволиме (рускиот претседател Владимир) Путин да ги одредува цените на струјата секој ден“, додаде тој.

Чешката Република, која претседава со ЕУ, ќе предложи итен состанок на Советот за енергетика на ЕУ што е можно поскоро поради скокот на цените на енергијата, изјавија во петокот чешки владини претставници додека се обидуваат да изградат европска поддршка за ограничувањата на цените на енергијата.

Канцеларијата на Нехамер во соопштението наведува дека ќе се залага за одржлив модел кој може брзо да се имплементира.

Се додава дека за ова прашање разговарал со своите чешки и германски колеги.