Ете, и тоа чудо бидна… Доживеавме да видиме распродажба на општинско земјиште во локалитетот Мауцхер ( за оние кои не знаат каде е овој дел, тоа е лево целата планина после св. Еразмо пред Охрид) како да продаваат дедовина или наследство од татко им.

Советот на град Охрид ( ако може веќе оваа касаба да се нарече град ) со неподнослива леснотија, се разбира по партиска директива, без никаква скрупула, донесе одлука да продаде околу 60.000 м2 државно т.е. општинско земјиште како да се работи за кило патилиџани. Но најпрво да одговориме на неколку прашања: Кое е ова земјиште и што има на него ? Кој го продава ? Кој го купува ? И за која цел се продава ова земјиште т.е. како така од добро стоење, им текна сега на локалната власт да продаваат тек така земјиште во атарот на градот? Да одиме со ред:

Кое е ова земјиште?
Ова земјиште е поранешен комплекс Мауцхер, каде славната и родољубна ЈНА имаше полигон за вежби, воени магацини, краварници и останата инфраструктура која ја гарантираше нашата слобода и самоодржливост. Се разбира дека овој период на „античкиве“ македонци не ги занима и ги иритира, па затоа би додал и еден период кој можеби ќе ги интересира овие квази-патриоти, одродени антици и продадени партиски души, а тоа е навистина периодот на антиката! Е, во тој период тука имало праисториски населби и разни археолошки локалитети кои и денес не се до крај испитани и истражени. Овој локалитет првично го „раскопа“ Паско Кузман, за потоа, во склад со нивната финансиска доктрина, да ги покрадат парите и да не продолжи со истражување. Но, сепак, тука нешто има и тоа треба да се третира соодветно според сите археолошки стандарди… Но, кој археолошки стандард може да ја нахрани штабската администрација, која во Охрид се накотила, и сега и за оној беден и ебен минималец за кој изведуваат секојдневни фелацио-гимнастики, мора да се продава нашето културно наследство… Не постои свето и сакрално за партискиот пацов, маскиран во јавен службеник во Охрид! Света е само трансакциската сметка и едномесечниот купен мир! Не го занима на античкиот штабски пролетер никаква реална историја, локалитет, или респект кон сакралното. Тој функционира само на два инстинкти, едниот доаѓа од стомакот, другиот од штабот, особено античкиот штаб, бидејќи тој испраќа линеарни пораки, кои не се предмет на дискусија. Нареџење – извршење… Теа је…

 

Втор момент: Кој го продава?
Го продаваат најголемите јебиветри кои некогаш го воделе Охрид. Мрско ми е да ги објаснувам, од нивното „богато“ ЦВ се гледа и нивниот општ видик кон светот и работите. Што да очекуваш. Но на терен, предничат едни две нерафинирани грутки, едниот, некој си секретар на нешто, другиот лубрикатор кај поглаварот. Лубрикаторот беше често шамарен како дете кога беше праќан по цигари, па таа фрустрација сега ја лечи со сериозност и „строгоќа“ во Советот, а другиов, рурален и рудиментиран лик, налик на фасадер тазе слезен од скеле, со манири на вратар, буквално го избрка на најсељачки и најпростачки начин, единствениот писмен археолог кој беше присутен на седницата и се залагаше за правичната идеја за непродавање на овој локалитет. Не го знам дечкото, но е член на Здружението Енхелеус од Охрид, кое е за секоја пофалба и е единствено искрено и неискварено здружение на охриѓани ентузијасти кои си го сакаат градот.

 

Трет момент: Кој го купува?
Искрено не знам, но не ми е тешко да претпоставам. Или ќе биде сељачината која во минатото го унакази градот и го сведе на паланка, со потекло од Црвена Вода – Дебрца, или е другата криминална сељачина од Радолишта, која му го превзеде приматот на првава сељачина, и сега Охрид го води по „малцински“ архитектонски стандарди и услови. Искрено, не ме ни занима која сељачина е договорена да го „лапне“ Мауцхер. Еднакво зло ни нанесуваат и едната и другата сељачина, било од која провиниенција и провинција да се…

 

Четврт момент: По која цена се продава ова земјиште?
Верувале или не, ова земјиште, од непроценлива вредност, се продава по цена, два квадрати за едно пакло цигари кои ги пушам јас. Или, верувале или не, се продава за мочани 70 денари за квадратен метар. Во нашиов Охрид, се продава земјиште по цена од 1 евро, и тоа секако, не можете вие или јас да го купите на наддавање, пошо работта е нагодена…
Едино ме чуди, како тоа ебано УНЕСКО и таа ебана ЕУ не можат да го сопрат ова дивјаштво и криминал?
Како е можно, една банда криминалци, своеволно и едногласно да продаваат од заедничкиот имот на сите граѓани на Охрид и Македонија. Па каде има ваква правдина и закони? Дали сме ние дел од Европа или Таџикистан? Сигурен сум дека повеќе правда и логика има во еден мочан Таџикистан отколку во антикава…

На крај, имам само да порачам две работи:
1. Сите тие инволвирани во овој неправеден и скандалозен „подухват“ во некое нормално време треба да им биде се што поседуваат конфискувано, и дедовина и татковина, и истото да биде продавано после по цена од исто 1 евро за квадрат!
2. Една порака до сите корисници и „бенефициенти“ од дилов, а тоа е ретардираната охридска администрација: Пријатели, овој дил ќе ви обезбеди само една или две плати. Што потоа? Што ќе продадете понатаму? Нема што… Душите и газовите ви се одамна продадени… Што наредно заедничко ќе продавате? А и овие пари, кои од продажбата ќе ви бидат префрлени како плата, да ви тежат и на овој и на оној свет… При чиста совест ве колнам, бидејќи сите вие сте активни и свесни соучесници и конформисти во овој штабски криминал! А влашка клетва фаќа 😉

 

Н