Поради зголемена фреквенција на возила на Граничниот премин Табановце, времето на чекање за влез во државата утрово е околу 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ соопшти дека сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Автомотосојузот известува дека на 5, 6 и 7 септември во периодот од 10 до 16 часот целосно ќе биде затворен сообраќајот на патниот правец Маврови Анови – Жировница, затоа што Пелагонија АД Гостивар, како изведувач на работите, ќе ги испитува мостовските конструкции на регионален пат Р1202, делница Маврови Анови – Жировница.