Гледано по сектори на дејности, најмногу слободни работни места, 2.114 има во преработувачката индустрија, 1.477 позиции има во трговијата на големо и мало, 671 работник фалат во транспорт и складирање, и 635 луѓе фалат за административни и помошни услужни дејности. Во хотелиерство и сервисни дејности со храна фалат 565 луѓе и 530 луѓе во градежништво.

Речиси 8.000 слободни работни места, поточно 7.873 регистрирал Државниот завод за статистика во второто тримесечје годинава, од коишто најмногу, или 2.943 има во услужните дејности и продажба, што е 37,4% од вкупниот број слободни работни места. Следни позиции што фалат најмногу се техничари и сродни занимања, 1.236, како и ракувачи  и составувачи на машини и постројки, 1.143. Во Македонија фалат и 733 службеници, но и 634 стручњаци и научници.

Гледано по сектори на дејности, најмногу слободни работни места, 2.114 има во преработувачката индустрија, 1.477 позиции има во трговијата на големо и мало, 671 работник фалат во транспорт и складирање, и 635 луѓе фалат за административни и помошни услужни дејности. Во хотелиерство и сервисни дејности со храна фалат 565 луѓе и 530 луѓе во градежништво.

Во дејноста информации и комуникации има 511 слободни позиции, а во здравството и социјалната заштита 254 работни места.  Најмалку слободни работни места има во дејноста образование, 97, потоа во јавна управа и одбрана, 86, 65 луѓе фалат во секторот снабдување со вода и управување со отпад, 17 во секторот снабдување со електрична енергија, итн.