Народната банка објави повик за пријавување трудови за 44. сесија на Клубот на истражувачите, којашто ќе се одржи на 26 септември 2022 во просториите на Народната банка.

Заинтересираните истражувачи може да се пријават со доставување на материјалот на е-адресата: [email protected], најдоцна до 19 септември 2022.

– Трудовите треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето. На сесиите на Клубот како платформа за дискусија и размена на стручни мислења, може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување/труд во работна верзија, соопшти Народната банка. 

Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и дискусија на научноистражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата.