Шефот на Меѓународниот монетарен фонд, Кристин Лагард предупреди дека трговската војна може да има страшни последици за глобалната економија, бидејќи под закана ќе биде економскиот раст. Според неа, во трговска војна предизвикана од зголемување на царинските тарифи никој не може да победи.
Нејзиното предупредување доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе се зголемат тарифите за увоз на челик и алуминиум, на што ЕУ возврати дека ќе преземе контрамерки.