Проектираната пазарна цена на струјата во Европа во 2023 година ќе биде десетпати повисока од пред две години, а цената на гасот ќе биде петпати повисока од 2021 година, изјави во денеска премиерката на Франција, Елизабет Борн, на прес-конференција.

„Цените на енергијата растат. Што се однесува до гасот, пазарот за 2023 година постави цена што е 5 пати повисока од цената за 2021 година. Што се однесува до струјата, проектираната цена на пазарот во 2023 година е 10 пати повисока од цената во 2021 година“, рече таа.

Претходно, француските медиуми објавија дека големопродажната цена на струјата во Франција ќе достигне рекордно високо ниво во 2023 година надминувајќи ја границата од 1.000 евра за мегават-час – 1.000 отсто повеќе пред една година.

Премиерката ги објави новите владини чекори за борба против поскапувањето на гасот и електричната енергија по завршувањето на годинешните мерки за задржување на поскапувањата на 4 отсто до крајот на декември 2022 година.