Премиерот на Унгарија Виктор Орбан зборувајќи за санкциите што ЕУ ги воведе кон Русија истакна дека Европа е „енергетско џуџе“ во однос на Русија

„Санкциите ги воведува посилниот на послабите, а ЕУ е енергетско џуџе во однос нја Русија. Нам тие санкции ни прават многу голема штета. Лоши, се болни и8 чинат многу пари. Цените на енергијата вртоглаво растат“, рече Орбан.

Како што истакна, санкциите најчесто се одлучуваат на места кои се безбедни и далеку од државата против која се воведуваат санкциите.

„Ние сме поблиску до санкционираната земја, односно Русија. Нема ништо изненадувачки во тоа што позицијата на Унгарија радикално отстапува од позицијата на Брисел“, рече Орбан.