Говорејќи за сагата околу изградбата на автопатот Кичево-Охрид, Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми објасни дека договорот е доделен во 2014 година на кинеската компанија Синоидро.

„Во 2017 година е откриено дека проектираната траса е комплетно погрешена затоа мора да започнат одново, со менување на трасата и ново планирање кое доведе до повеќе изгубено време, но и дополнителни финансии“, вели Рустеми.

На новинарското прашање дали некој треба да понесе одговорност, дали до сега е покрената некаква кривична пријава за лица или поединци одговорни за оваа грешка која ја чини државата и граѓаните сериозни пари, Рустеми рече дека не.

Тој додаде дека е сега фокусиран за реализација на обврските на државата за изменетата траса, експропријација на имотите, релокација на објектите и таканатаму.

„За да утре не дојдеме до ситуација да плаќаме пенали на компанијата која гради, рече тој.