Денеска во Охрид ќе се одржи вториот регионален Саем на социјални претпријатија.

– На него ќе говори Барбара Садовска, тим лидер на проектот, а свое претставување ќе имаат и градоначалници кои доаѓаат од Европската Унија како и петнаесетина социјални претпријатија од регионот. Саемот е од отворен карактер и ќе трае до 14:00 часот. Саемот, во 11:00 часот ќе го отвори советникот во советот на Општина Охрид Перчо Божиноски, информираат организаторите.

Саемот е во организација на проектот финансиран од ЕУ „Поддршка на социјалните претпријатија“, имплементиран од Ептиса, Барка, Екорис, преку Регионалниот центар за социјални претпријатија Фондацијата за поддршка на претпријатија ЕСА Охрид, каде корисник е Министерството за труд и социјална политика.