Примопредавање на противпожарни возила и опрема за 14 општини ќе биде реализирано денеска во рамки на настанот под слоганот „Цивилната заштита помеѓу институциите и граѓаните“, во организација на Дирекцијата за заштита и спасување.

Како што е најавено од Дирекцијата за заштита и спасување, на настанот ќе присуствуваат претставници од Владата и од амбасадите во земјава.

На паркингот во спротскиот центар „Борис Трајковски“ – Скопје граѓаните ќе можат одблиску да се запознаат со опремата за заштита и спасување на Дирекцијата за заштита и спасување и опремата на другите учесници на настанот.

На агендата е и показнa вежба на компанијата Холматро, показна вежба на доброволното противпожарно друштво „Бајрам Мифтари“ – Чаир, како и показни вежби на доброволно противпожарно друштво „Св. Николе“ и на Црвениот Крст.

Пред присутните ќе се обрати директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Беким Максути.