Јавното сообраќајно претпријатие ЈСП – Скопје им должи повеќе од 72 милиони денари на приватните превозници во главниот град.

Денеска возачите организираа собир на кој рекоа дека повеќе не можат да земаат кредити и дека за една недела ќе го сопрат сообраќајот на 16 автобуски линии.

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, им рекла дека до крајот на недлата ќе добијат дел од долгот.

– Ние сакаме да работиме, но не можеме да го финансираме превозот повеќе, затоа ќе застанеме ако не ни се исполнат барањата, рече Лелнин Јовановски.

Должењето на почетокот било само неколку дена од страна на ЈСП, но потоа станувал се подолг рокот на чекање

Нафтените компании повеќе не дозволуваат задолжување и добавувачите наплаќаат затезни камати поради доцнење.