Малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) од полноќ се зголемува за два денара, а на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 2,50 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Новата цена на Еуродизел БС (Д-Е V) ќе биде 94,50 денари, а на Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) за 92,00 денари за литар.

Цените на бензините Еуросупер БС-95, Еуросупер БС-98 и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Бензинот Еуросупер БС-95 и натаму ќе се продава за 86,50 денари, Еуросупер БС-98 за 89 денари, а Мазутот М-1 НС за 50,228 денари.