Платежната агенција соопшти дека денеска се исплатени 89.455.245 денари на 5.851 млекопроизводител за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко. Исплатите се однесуваат на предадено млеко во јуни и јули 2021 година согласно пријавените количини од страна на преработувачките капацитети. Корисници на оваа поддршка се земјоделските стопанства регистрирани како одгледувачи на говеда, овци и кози во Регистарот на одгледувалишта.

Висината на директните плаќања изнесува 3,5 денари по литар произведено и предадено кравјо млеко во преработувачки капацитети запишани во регистарот на откупувачи на земјоделски производи и 4,5 денари по литар за произведено и предадено овчо и козјо млеко.

Во следниот период ќе се изврши поддршката за предадените количини за август и септември.