Владата е во завршна фаза со подготовката на антикризните мерките наменети за најранливите категории на граѓани наменети за справување со енергетската криза.

Министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, најави дека следната недела ќе биде објавено кои групи ќе бидат опфатени и колкава ќе биде поддршката.

Информираше дека се размислува за доделување ваучери за најзасегнатите, но не ја исфрла и можноста средствата од помошта да бидат префрлани на сметките на корисниците.