Рестркции на електрична енергија од тричаса на ден може да се воведуват во Велика Британија за сите домаќинства, ако се случи значително трошење на гасот, најави енергетското претријатие Национална мрежа.

Од компанијата велат дека ова е „малку веројатно сценарио“, но постои како можност доколку ескалира кризата.

Ограничувањата со снабдување на струја се можни во време на пикот на потрошувачката, или наутро или пак помеѓу 16 и 21 часот.

Потрошувачите би биле предупредени еден ден однапред, а ограничувањата би биле организирани за да не се случуваат во сите делови на земјата истовремено, објавува Би-Би-Си.

Сепак, од Националната мрежа велат дека не очекуваат да има проблеми за домаќинствата.

Но, во повеќе градови ширум Британија изминатата недела се одржаа протести на кои граѓаните на власта и порачаа – Замрзнете ги цените, а не луѓето.

Мојата сметка за потрошена енергија, односно гас и струја, пред април минатата година беше 97 фунти месечно, а сега е 233 фунти месечно. Многу е. Многу е. Од каде да одам да го заработам тоа?’“ – вели еден демонстрант.

„Мислам сè, сè се зголемува. А старосната пензија не ми е зголемена. Ниту една плата, работам разни работи, ништо од тоа не се покачи. Сопственикот не ми ја зголемува киријата, но не знам. Во основа многу сум несигурна“ – вели демонстрантка.

Прашана дали може да гарантира дека нема да има прекини на струја, премиерката Лиз Трус пред неколку дена рече дека Велика Британија е во подобра позиција за разлика од многу други земји.

„Семејствата се соочени со сметки за електична енергија до 6.000 фунти. Се соочивме со инфлација која можеше да биде 5 отсто повисока како резултат на тие цени на енергенсите. И се соочивме со глобално економско назадување. И што направивме ние како, која постапува решително. За да воспоставиме гаранцијата на цената за енергијата, која веќе постои- семејствата, типично семејство, нема да плаќаат повеќе од околу 2.500 фунти“ – оцени Лиз Трас.

Велика Британија е силно зависна од гас за производство на електрична енергија – електраните на гас произведуваат повеќе од 40 отсто од електричната енергија во земјата.

Британија увезува струја и од континентална Европа.

За разлика од Британија, Франција на своите граѓани реши да им испраќа известувања за оптоварувањето на електричната мрежа и тоа веднаш по временската прогноза ќе следи прогноза за снабдување со електрична енергија која ќе се емитува на телевизија- зелени, жолти и црвени симболи ќе покажат колку струја имаат на располагање.

Зелениот симбол ќе покаже дека потрошувачката на електрична енергија е во рамнотежа, а жолтиот симбол ќе означува притисок врз снабдувањето, а црвениот симбол ќе предупредуваат на можен прекин во снабдувањето и ќе им порачаат на граѓаните да ја намалат потрошувачката во периодот од 20 до 12 часот и од 18 до 20 часот, на пример, да ги користат машината за перење и рерната во други периоди од денот.

Јавноста беше изненадена од можната на националната електродистрибуција директно да интервенира во потрошувачката на топла вода, односно има опција за далечинско исклучување на топла вода помеѓу 12 и 14 часот, што може да влијае на околу 4,3 милиони домаќинства.

Париз се подготвува за недостиг на електрична енергија бидејќи повеќе од половина од неговите 56 нуклеарни централи, кои се главни произведувачи на струја, во моментов се надвор од функција поради одржување.