Почитувани следачи на Ценометар.мк
Сакаме да Ве известиме дека табелата со цени е ажурирана со 19/10/2022 и истата можете да ја пронајдете ТУКА!
Екипата на Ценометар.мк на терен ги забележа следните, досега најголеми поскапувања во одредени маркети на следните производи:
- Краставицата поскапела за 39 денари!
- Кромидот поскапел за 8 денари во просек!
- Печурки свежи поскапеле за 33 денари!
- Јајца 10/1 – поскапеле за 18 денари!
- Млеко 3.2% масленост поскапело за 12 денари!
- Путерот за 100 грама поскапел во просек за 23 денари!
- Ајдамерот поскапел за 124 денари во просек!
- Гаудата поскапела до 135 денари!
- Мелено месо – поскапо за 60 денари!
- Свинска кременадла – во некои маркети поскапа за 90 денари!
- Свинска кртина – поскапа за 30 денари!
- Говедска кртина поскапела до 134 денари!
- Пиле свежо – поскапело во просек за 34 денари!
- Пилешки стек замрзнат – страшен скок од 125 денари во поединечни маркети!
- Замрзнат батак – поскап за 84 денари!
- Чајна за 45 денари поскапа!
- Туна – 8 денари за 100 грама – поскапа!
- Нескафе лименка од 200г – 50 денари поскапо!
Овие поскапувања се однесуваат за периодот од месец Август до сега, значи околу 2 месеци!
Досега нашиот сервис, немаше забележано поскапувања со овој интензитет – никогаш досега!
Ваш Ценометар.мк