Речиси 12.000 мегавати електрична енергија се произведени во домашните капацитети во текот на вчерашниот ден, информираат од Владата.
„Во термоелектраните се произведени се 8.737 мегавати, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци се произведени 3.124 мегавати. Во функција се два блока на РЕК Битола и едниот блок на РЕК Осломеј. Во ТЕЦ Неготино во тек се сервисни и ремонтни активности, со цел зајакнување на постројката за наредниот период кога се очекува поголема потрошувачка на струја“, се посочува во денешното соопштение од Владата.