Вистинскиот професионалец не го дефинираат информациите што ги поседува, туку начинот на кој ги користи. Поттикнати токму од оваа вистина, финтек компанијата СН ФИНАНСИИ одлучи тим билдинг тренингот за вработените, оваа есен да биде посветен на една значајна тема, а тоа се корпоративните комуникации.

За таа цел, ги покани за обучувачи одличните Маја Бабиќ и Огнен Јанески, долгогодишни искусни новинари и едукатори во бројни проекти кои комуникациите ги имаат во фокус.

“Живееме во време кога работите околу нас се менуваат постојано, па затоа мораме секојдневно да се адаптираме на новите услови и барања. Промената особено се почувствува во бизнис сферата, каде во изминатите две години комапниите мораа да бидат креативни и брзи во своите решенија со цел да ја одржат добрата комуникација  со пазарот, потрошувачите и партнерите”- истакна Бујар Драла шеф на секторот за човечки ресурси кој е одговорен за овие едукации.

Независно од специјалноста во работењето и специфичната стручност во дејноста, во сите бизнис-сектори потребна е способност за добра и ефикасна комуникација за да се постигнат вистински резултати. Добрите идеи за постигањето на одредена цел се безвредни доколку на вистински начин не се споделат со другите.
Телефонските разговори, деловните писма, електронската пошта, деловните состаноци се составен дел од секојдневниот живот на еден деловен човек. Ефикасната комуникација не само што има главно значење во нашата способност да градиме и одржуваме врски со другите туку претставува и основен елемент на сите односи, без разлика на тоа дали се персонални или деловни.

Обуката беше интерсна и интерактивна, Финтек комапнијата СН ФИНАНСИИ во својот тим има главно млади луѓе кои живеат во време на интензивни комуникации.
Оттука и главната задача на едукаторите да го анимираат овој млад тим беше убав предизвик.

“Воопшто не е лесно да се даде совет на младата генерација, која сигурно и самата знае кон што тежнее. Иако, верувам дека е непобитен факт дека компаниите денес, повеќе од било кога, се наоѓаат во остра конкурентска борба условена од непрекинати и постојани промени. Евидентно е дека важна улога во неа играат  токму новите генерации. Што е тоа што младите луѓе ги прави непобедливи адути за компаниите во условите на денешното деловно работење, и дали токму тие претставуваат еден од клучните фактори за успех? Одговорот е без сомнение – да, со одговорност да бидат искрени, проактивни, иновативни и подготвени постојано да работат на себе, бидејќи ако нешто се менува со брзина на светлината, тоа се каналите на комуникација. Сепак, очигледна е и промената на „филозофијата“ на комуницирање, која сега бара брзина на реакција, создавање, испраќање и размена на квалитетна и значајна содржина, како и транспарентност и поврзување преку интеракција со заедницата” – истакна Маја Бабиќ.

Во денешниот свет се прават сè поголеми напори за воспоставување успешна комуникација. Комуницирањето претставува начин на кој можат да се имплементираат плановите и да се координираат активностите за да се остварат целите на претпријатието.

“Се проценува дека менаџерите поминуваат голем дел од времето во комуницирање (просечно 75 %).
Комуникацијата отсекогаш била од пресудна важност за успехот на компанијата и корпоративната репутација. Таа игра една од значајните улоги во развивањето на клучните бизнис-вредности, како што се акционерските вредности, привлекувањето клиенти, задржувањето и мотивирањето на висококвалитетен кадар. Придонесува и за подобрувањето на угледот во целата средина, рангирањето на заинтересирани страни, поддржувањето на јавни проблеми, создавањето предности на потрошувачот за продукти и бизнис-просперитет. Етичката комуникација е основна за одговорното размислување, донесувањето одлуки и развивањето врски, култури и медиуми. Таа го подобрува човековиот збор и почитувањето за себе и за другите. Организациите сакаат луѓе кои се стремат кон етичкото бизнис-однесување, СН ФИНАНСИИ е токму таква компанија”- заклучи Огнен Јанески.