Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапува за два денара од ноќеска на полноќ и литар ќе чини 90 денари.  Не се менуваат малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС, одлучи денеска Регулаторната комисија за енерегетика и водни услуги.

Литар ЕУРОСУПЕР БС – 98 и понатаму ќе чини 92,5 денари,  100 денари ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V), а 97 денари Екстра лесното 1 (ЕЛ-1).

РКЕ одлучи да ги зголеми малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,44 проценти во однос на вчерашната одлука.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,317 проценти, кај дизелот намалување за 0,078 проценти, кај екстра лесното масло зголемување за 0,110 проценти  и кај мазутот зголемување е за 0,802 проценти.  Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,444 проценти, информира РКЕ.