Порастот на потрошувачките цени е последица на забрзувањето на растот на цената на енергијата, храната и индустриските производи, покажуваат привремените податоци што во петокот ги објави францускиот INSEE.

Растот на потрошувачките цени во Франција повторно забрза во октомври, на 6,2 отсто во споредба со истиот месец лани. Овој пораст доаѓа откако во август и септември беше забележано намалување на инфлацијата.

Во јули годинава инфлацијата беше 6,1 отсто, а потоа се намали на 5,9 отсто во август и 5,6 отсто во септември.

Особено силен пораст има кај прехранбените производи кои изнесуваат 11,8 отсто, а кај свежите производи дури 16,9 отсто. Енергенсите поскапеа за 19,2 отсто, а на индустриските производи за 4,2 отсто.

Во однос на септември, цените во октомври се зголемени за еден процент.