На 3 и 4 ноември во фоајето на киното „Синеплекс“ во Скопје ќе се одржува Саем на кретивни индустрии, под покровителство на Министерството за култура на РСМ.

Саемот на креативни индустрии е единствен настан каде што на едно место ќе се претстават различни гранки од креативните индустрии, во еден изложбен простор со цел да, да се поттикне домашната креативност, да се прикажат оригинални идеи и сиот потенцијал на креативните индустрии на јавноста. Саемот е осмислен како изложба за креативниот сектор проследена со работилници, настапи во живо, галериско изложување и централна изложба. Соединувањето на цела инфраструктура сочинета од дизајнери, уметници и водечки организации е иницијатива која има за цел да го подигне профилот на креативниот сектор, да ги поврзе организациите кои имаат заеднички интерес во креативните индустрии. Настанот ќе ги обедини сите креативци без оглед од кој сегмент на креативните индустрии доаѓаат.