Во периодот јануари – септември годинава вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 130.564.000 денари, што е за 21,6 проценти помалку во споредба со истиот период од претходната година, објави Државниот завод за статистика.

Во првите девет месеци од годинава градежната оператива од Северна Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 95.582.000 денари, што е за 17,5 проценти помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Од јануари до септември годинава нашата градежна оператива била присутна во Германија, каде извршила работа во вредност од 78.518.000 денари, Бугарија (9.188.000), Црна Гора (7.016.000) и во Хрватска (860.000 денари).

Македонските градежни фирми од почетокот на годината до крајот на септември немаат договорена и извршена работа на пазарите во Босна и Херцеговина, Србија и Косово, а каде биле присутни во истиот период лани.