На пазарот на валути вредноста на доларот во однос на кошницата валути е зголемена бидејќи доларот е познат како безбедно засолниште за капитал во неизвесни времиња.

Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 106,35 поени, додека во петокот вечерта изнесуваше 106,05 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна за 0,5 отсто, на 138,45 јени.

Сепак, американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна за 0,4 отсто, на 1,0355 долари.

Од друга страна, цените на нафтата значително паднаа бидејќи трговците се плашат дека протестот против мерките за ковид во Кина ќе предизвика слабеење на побарувачката за горива во најголемиот светски увозник на нафта.

Цената на барелот на лондонскиот пазар падна за 2,6 отсто, на 81,48 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 2,8 отсто, на 74,15 долари.

Извор: Блиц.рс